Дома Македонски спорт Мак ракомет Ракометарите ја победија Босна – Червар задоволен!

Ракометарите ја победија Босна – Червар задоволен!

0 секунди
0
525

Македонската ракометна репрезентација ја совлада Босна и Херцеговина 28:24 во првиот од трите подготвителни натпревари.

Македонија рано создаде висока предност, најпрвин 8:2, 12:4, а потоа 13:6, со поставата која веројатно ќе биде ударна во Франција (бекови Лазаров, Миркуловски, Талески, крила, Манасков и Георгиевски и пивот Стоилов), но по ветувачките 15 минути, избраниците на Червар му дозволија на противникот да се врати со серија од четири гола.

По слично сценарио се играше и во останатиот дел од натпреварот, Македонија најчесто ја имаше предноста од три до пет гола, но често му дозволуваше на противникот да прави серии, кои му овозможија неколку пати во вториот дел да се доближи на само два гола негатива.

„Прв натпревар по напорните подготвки. Мислам дека добро почнавме, игравме многу цврсто и тука направивме разлика, во тие моменти промашивме неколку зицери и пенали. Во текот на натпреварот многу менувавме, ние во записникот имавме 21 играч, сите добија можност да играат. Некои имаа добро издание, некои одиграа послабо. Сепак мислам дека бидејќи се работи за прв натпревар дека имаше добри работи, имаше и грешки и слабости, кои ќе ги анализираме. Но да не заборавиме дека игравме со 21 играч и дека сакавме да видиме, кој што може да направи. Вкупната оценка е солидна“, изјави Лино Червар.

Прочитајте поврзани статии
Повеќе P. K.
Load More In Мак ракомет

Проверете

Голема победа на Вардар против ПИК Сегед

Ракометарите на Вардар со победа го минаа тешкото гостување кај ПИК Сегед во 11-то коло во…