Дома Македонски спорт Мак ракомет Ракометарите добиваат 40.000 долари за подготовки!

Ракометарите добиваат 40.000 долари за подготовки!

0 секунди
0
433

Македонскиот олимписки комитет (МОК) за предстојното Светско првенство во ракомет во Франција, за потребите на машката ракометна репрезентација обезбеди финансиска помош во износ од 40,000 американски долари.

Средства на МОК се наменети за подготовки и учество на нашите најдобри ракометари на планетарната ракометна смотра.
.
Македонија на Мундијалот ќе игра во групата Б, заедно со репрезентациите на Тунис, Ангола, Словенија, Шпанија и Исланд.

Инаку македонските ракометари подготвките ги започнаа на 20 декември во Маврово. Во овој зимски центар ракометарите ќе бидат до 30 декември, кога се враќаат во Скопје, каде од 2 јануари наредната година ќе продолжат со подоготвките.

Прочитајте поврзани статии
Повеќе P. K.
Load More In Мак ракомет

Проверете

Миркуловски: Победа над Словенија за второ место во групата!

После стартните две победи на Светското првенство во Франција против Тунис и Ангола, Макед…