Дома Фудбал Останато Раиола не знае за доста: Донарума е подобар од Буфон!

Раиола не знае за доста: Донарума е подобар од Буфон!

0

Огромна „прашина“ во светот на фудбалот овие денови крена супер агентот Мино Раиола.

Повторно во центарот на вниманието беше младиот голман Донарума. Раиола даде интервју во кое го пофали младиот голман, но веројатно малку и претера.

За почеток новинарите го запрашаа колкава е вредноста на Донарума.

„Колку вреди Донарума? Тој нема цена! Се е на Милан“, беше јасен Раиола.

Иначе, „росонерите“ во овој момент доколку одлучат да го продадат Донарума би добиле сума помеѓу 25 и 30 милиони евра.

„Не ја знам неговата цена, но знам дека тој ќе биде единствениот голман кој ќе ја освои Златната топка. Донарума е подобар од Буфон, наследникот на Донарума ќе се роди за триесетина години. Едноставно, таква е еволуцијата во фудбалот“, заврши Раиола.

Прочитајте поврзани статии
Повеќе S. D.
Load More In Останато

Проверете

Видео: Јувентус броеше до шест, хет-трик на Кедира!

Италијанскиот шампион Јувентус се врати на победите и со високи 6:2 славеше на гостувањето…