Дома Трансфер зона ПРЕСВРТ: Барселона не се откажала од Кутињо, се враќа во јануари со огромна понуда?!

ПРЕСВРТ: Барселона не се откажала од Кутињо, се враќа во јануари со огромна понуда?!

0

Иако се најавуваше дека се откажале изгледа сепак не е така.

Според денешното издание на „Мундо Депортиво“ екипата на Барселона во јануари ќе се обиде да го доведе Фелипе Кутињо и спремаат понуда од 120 милиони евра, а тоа ги налути луѓето во Ливерпул.

Еден од директорите на Барселона, Оскар Грау поврди дека Барселона има пари и дека на зима повторно ќе тргне во напад на Кутињо.

Ливерпул е бесен што во текот на сезоната повторно започна на големо да се шпекулира за иднината на нивниот најдобар фудбалер, нивниот став сеуште е јасен, Кутињо не е на продажба по ниту една цена!

Сепак, во овој момент трансферот на Кутињо веројатно е ставен во втор план, на прво место како што е познато е обидите за што побрзо Меси да потпише нов договор.

Прочитајте поврзани статии
Повеќе S. D.
Load More In Трансфер зона

Проверете

Чудото од дете на Ајакс се сели во Барселона

Барселона одлично ја отвори сезоната, но тренерот Валверде веќе размислува за нови засилув…