Дома Фудбал Англија Поранешен играч на Јунајтед: Енфилд е како пекол!

Поранешен играч на Јунајтед: Енфилд е како пекол!

0

Поранешниот дефанзивец на Манчестер Јунајтед, Микаел Силвестре, во пресрет на најголемото англиско дерби изјави дека стадионот на Ливерпул, „Енфилд Роуд“ е како пекол.

Силвестре девет сезони мина во дресот на Манчестер Јунајтед, одигра 361 натпревар и има големо искуство кога се во прашање дуелите со Ливерпул.

„Се чувствуваш како да одиш во пеколот. Не си добредојден, може да ја почувствуваш омразата. Тоа е непријателско опкружување, но е добра можност да видиш како реагираш во непријатни околности. Тоа е најдоброто место на кое можеш да победиш“, изјави Силвестре.

По седум одиграни натпревари во Премиер лигата, Манчестер Јунајтед има седум бода повеќе од Ливерпул, чиј напад го предводат Кутињо, Салах и Фирмино.

„Тие се добри играчи, но сѐ уште не се светска класа. Секако дека во текот на целиот натпревар ќе приготвуваат можности за постигнување гол, но ниту еден од нив не е гол-машина. Им недостига голгетер од кого можеш да очекуваш 20-25 гола во сезоната. На крајот од денот тоа е најважно. Ливерпул нема таков играч. Јунајтед ќе биде на испит, но може да ги контролира овие момци“, заклучи Силвестре.

Прочитајте поврзани статии
Повеќе P. K.
Load More In Англија

Проверете

Жиру ги замолкна „Делиите“ среде Белград во 85-та минута

Со голот во 85. минута, Оливие Жиру ги згасна надежите за победа кај сланите Делии и му до…