Дома Фудбал Англија Поразот од Барнли ги поремети работите во Челзи: Дали „Плавите“ го губат најдобриот?!

Поразот од Барнли ги поремети работите во Челзи: Дали „Плавите“ го губат најдобриот?!

0 секунди
0
1,575

Од Островот пристигнува информација дека „Плавите“ размислуваат за продажба на својата најголема ѕвезда.

Дали тоа наговестува уште една трансфер „бомба“ на пазарот?

Таблоидот „Дејли Стар“ во денешниот број пишува дека постои можност Еден Азар да замине од „Стемфорд Бриџ“ ова лето и дека неговата следна дестинација би можела да биде Барселона.

Иако Осман Дембеле е проектиран како наследник на Нејмар на „Ноу Камп“, не е исклучен пресврт и тоа да биде Азар, вели споменатиот медиум.

Во таков случај, висината на трансферот би бил 109 милиони фунти.

Освен оваа шпекулација, „Дејли Стар“ истакнува дека Азар не е единствена точка во која би можеле да се соединат Барселона и Челси ова лето. Во западен Лондон би можел да пристигне Серџи Роберто, бидејќи како што се наведува, е незадоволен со својот статус во Барселона.

Ова звучи можеби и нереално, но преодниот рок се уште не е затворен, така што…

Прочитајте поврзани статии
Повеќе An. V.
Load More In Англија

Проверете

Крај на сагата: Насри заминува во Турција

Некогашниот француски репрезентативец, Самир Насри кариерата ќе ја продолжи во Турција. На…