Дома Останати Кошарка Плејмејкерот Диабате го засили МЗТ

Плејмејкерот Диабате го засили МЗТ

0 секунди
0
144

Репрезентативецот на Брегот на Слоновата коска, Сулејман Диабате е нов член на МЗТ Скопје Аеродром, објави клубот на својата интернет страница.

Африканецот игра на плејмејкерската позиција, која во моментов е убедливо „најтенка“ во сино-белиот состав, пред сѐ поради повредата на Шарлон Клоф чие враќање на теренот сеуште не е прецизирано.

Диабате доаѓа на едномесечен пробен период како пополнување на дупката во ростерот, со можност да остане до крајот на сезоната ако со своите игри ги задоволи вкусовите на стручниот штаб.

Државјанинот на Брегот на Слоновата коска во таборот на МЗТ Скопје Аеродром доаѓа од редовите на НБА екипата Њујорк никс, за која настапуваше во Летната лига.

Минатата сезона бил дел од францускиот тим Руен, а има играно уште и за Дижон, Роан, Нанси и Гравелин.

Зад себе има забележителен настап на Афробаскетот во Тунис минатата година, на кој просечно реализирал 18,4 поени.

Прочитајте поврзани статии
Повеќе Sportski
Load More In Кошарка

Проверете

Ракометарките ги почнаа подготовките за баражот со Шведска

Сениорската женска репрезентација на Македонија утрово, во СЦ „Јане Сандански“ во Скопје г…