Дома Фудбал Англија Озил: Сакам да останам во Арсенал, но…

Озил: Сакам да останам во Арсенал, но…

0 секунди
0
1,638

Месут Озил сеуште го нема продолжено договорот со Арсенал и може да го напушти клубот на крајот на сезоната бидејќи интерес за него покажуваат многу европски гиганти.

Англиските медиуми тврдат дека Реал Мадрид планира да го врати следното лето на „Сантиаго Бернабеу“, а Озил откри дека ќе остане во Лондон само доколку Венгер и понатаму биде тренер на „топџиите“.

„Среќен сум во Арсенал и спремен сум да потпишам нов договор. Се зависи од клубот, кој ги знае моите желби и дека сакам да знам каква ќе биде ситуацијата со менаџерот во иднина“, истакна Озил.

Германецот исто така се осврна на обвинувањата од легендата Тери Анри дека всушност го уценува клубот.

„Секој има право на свое мислење. Мене тоа воопшто не ме интересира. Поранешните играчи не знаат каква е вистинската ситуација помеѓу мене и клубот“, заклучи Озил.

Прочитајте поврзани статии
Повеќе P. K.
Load More In Англија

Проверете

Ливерпул освојувач на Купот на Премиер лигата во Азија

Ливерпул победи со 2:1 против Лестер и триумфираше во Купот на Премиер лигата во Азија. „Л…