Дома Македонски спорт Одбојкарите против Унгарија, Украина и Швајцарија ќе бркаат пласман на ЕП

Одбојкарите против Унгарија, Украина и Швајцарија ќе бркаат пласман на ЕП

0

Македонската одбојкарска репрезентација денес ги доби противниците за Европското првенство 2019 година кое ќе се одржи во четири земји Франција, Словенија, Белгија и Холандија.

Ждрепката за квалификациите се одржа денеска во Луксембург, а Македонија се најде во групата Ф, заедно со репрезентациите на Унгарија, Украина и Швајцарија.

Од ова Европско првенство бројката на учесници се зголемува од 16 на 24, а со тоа се зголемуваат и шансите за настап на македонската репрезентација.

Во квалификациите има седум групи од кои на Европското првенство ќе одат сите првопласирани и најдобрите пет второпласирани репрезентации.

Прочитајте поврзани статии
Повеќе P. K.
Load More In Македонски спорт

Проверете

Јаневски: Им се извинувам на навивачите за овој тежок пораз

Веднаш по тренерот на Шпанците пред медиумите зборуваше и тренерот на Вардар, Чедомир Јане…