Дома Останати Кошарка Нов пораз на МЗТ во Еврокупот

Нов пораз на МЗТ во Еврокупот

0 секунди
0
331

Кошаркарите на МЗТ и по седмиот одигран натпревар останаа без победа во Европкупот. откако синоќа загубија од Нижни Новгород 82:97.

Неорганизираната, на моменти и хаотична игра во двата правци, во првото полувреме најавија убедлив пораз на МЗТ. Дека на македонскиот првак не му се пишува добро гостите најавија во првиот период кога создадоа двоцифрена предност (4:14), а првиот период го завршија со 14:26.

Прашањето околу победникот Нижњи го реши во првиот дел по кој стекна 20 поени предност (34:52).

Во второто полувреме Нижњи само го одработи мечот до крај, а во вторите 20 минути ја одржуваше предноста од 14 до 22 поени.

Проверете

Четворица Вардарци меѓу најдобрите во СЕХА

Најдобриот тим во регуларниот дел од сезоната во СЕХА лигата, македонскиот шампион Вардар,…