Дома Останати Авто Мото Ники Хајден и понатаму во критична животна состојба

Ники Хајден и понатаму во критична животна состојба

0 секунди
0
701

Американскиот мотоциклист Ники Хајден и понатаму се наоѓа во критична состојба по несреќата која ја доживеа во Италија, соопшти неговиот тим Супербајк тим Ред Бул Хонда.

Врз поранешниот шампион во Мото ГП, додека возел велосипед, удрил автомобил. Хајден во критична состојба е пренесен во болницата во Чезена.

Поради повредите на градниот кош и главата и по извршената операција, лекарите решиле да го стават во индуцирана кома.

„Клиничката состојба на Ники Хајден и понатаму е критична. Тој се наоѓа на одделението за интензивна нега. Има претрпено сериозни повреди со сериозно оштетување на мозокот“, се наведува во тимското соопштение.

Хајден во 2006 година беше шампион во Мото ГП, а оваа сеозна му беше втора во Супербајк.

Прочитајте поврзани статии
Повеќе A. V.
Load More In Авто Мото

Проверете

Франција со екипно злато на 5 км на Светското првенство во пливање

Француската репрезентација го освои златниот медал, во екипна конкуренција, на трката на 5…