Дома Фудбал Лига на шампиони Неколку факти од финалето во ЛШ кои Роналдо го прават бесмртен!

Неколку факти од финалето во ЛШ кои Роналдо го прават бесмртен!

0

Самиот Роналдо финалето од ЛШ го опиша како спектакуларен натпревар.

„Еве, повторно срушивме некои рекорди. Први сме кои го одбраниле трофејот во ЛШ, а јас сум првиот во историјата кој два пати по ред е најдобар стрелец во ова натпреварување. Што можев повеќе да посакам. Сакам да извлечам што повеќе незаборавни моменти од оваа вечер, а потоа ќе се подготвував за репрезентативните натпревари со Португалија. Уште една Златна топка? Ќе видиме“, изјави Роналдо.

Подолу ви подготвивме неколку факти кои Роналдо ги постигна во финалето од ЛШ:

Роналдо со двата постигнати гола во финалето по рекордни шести пат стана најдобар стрелец во ЛШ. Пет пати на тронот беше Меси. Роналдо со вториот гол, оној во 64. минута дојде до бројка од 600 гола во кариерата кои ги постигна за клубовите и репрезентацијата.

Роналдо во Кардиф стана првиот играч кој беше стрелец во три различни финалиња од ЛШ (доколку се смета Купот на Шампионите, тогаш пред него е само легендарниот Алфредо Ди Стефано, кој постигна гол во пет финалиња).

Роналдо постигна речиси двојно повеќе голови во ЛШ од било кој друг играч во четвртфиналната фаза (20), полуфиналната фаза (13) и финалето (4).

Роналдо стана единствениот играч кој на големиот Буфон му даде повеќе од четири гола во ЛШ (вкупно шест пати го совлада Џиџи).

Роналдо му помогна на Реал да стане првата екипа која постигнала 500 гола во ЛШ (Барселона има 459, а Баерн 415 гола).

Роналдо беше главниот виновник што „Кралевите“ станаа првиот тим кој го одбрани трофејот во ЛШ.

Исто така, Роналдо му помогна на Реал да дојде до првата двојна круна (освоено првенство и ЛШ) по долги 59 години.

И на крајот, Реал благодарение на Роналдо, му даде четири гола на Јувентус, еден повеќе отколку што „Старата дама“ прими во останатите 12 овосезонски натпревари во ЛШ.

Прочитајте поврзани статии
Повеќе V. T.
Load More In Лига на шампиони

Проверете

Видео: Јувентус броеше до шест, хет-трик на Кедира!

Италијанскиот шампион Јувентус се врати на победите и со високи 6:2 славеше на гостувањето…