Дома Фудбал Германија НЕВЕРОЈАТНО: Хејкенс веднаш ја отпиша ГОЛЕМАТА ѕвезда на Баерн!

НЕВЕРОЈАТНО: Хејкенс веднаш ја отпиша ГОЛЕМАТА ѕвезда на Баерн!

0

Германскиот стратег, Јуп Хајнкес неодамна се врати на клупата на Баерн Минхен.

Управата на минхенскиот клуб го смени тренерот Карло Анчелоти по катастрофалната игра на Баерн на гостувањето кај ПСЖ, а на неговото место пристигна добро познато лице. Хајкенс се пензионираше пред нешто повеќе од четири години, но одлучи да се согласи на повикот на Баерн, како што самиот изјави, бидејќи тоа е единствениот клуб кој му останал во срцето и тој сака да му помогне на германскиот клуб до крајот на сезоната.

Тој сериозно пристапи кон новата задача, без никаква почит кон било кој друг играч и веднаш одлучи да пречкрта едно име, пренесуваат германските медиуми. Станува збор за Хамес Родригез, кој пред стартот на оваа сезона пристигна на двегодишна позајмица од Реал Мадрид.

Хајкенс не е задоволен од Хамес и нема да смета на него кога станува збор за првата постава. Освен тоа, Колумбиецот уште по првата година во Баерн би можел да се врати во Реал и, како што сега стојат работите, Баерн нема да го откупи неговиот договор.

Единствената позитивна работа за Хамес овие денови е фактот дека со репрезентацијата на Колумбија успеа да се пласира на Светското првенство и тоа по ремито на гости против Перу.

Прочитајте поврзани статии
Повеќе V. T.
Load More In Германија

Проверете

Жиру ги замолкна „Делиите“ среде Белград во 85-та минута

Со голот во 85. минута, Оливие Жиру ги згасна надежите за победа кај сланите Делии и му до…