Дома Трансфер зона Најдобриот трансфер во историјата на Англија: Го купија 5 милиони, денес вреди 150!

Најдобриот трансфер во историјата на Англија: Го купија 5 милиони, денес вреди 150!

0

Најбогатите фудбалски клубови често прават големи грешко во изборот на засилувања, а понекогаш се случуваат и трансфери после кои сите задоволно ги „тријат рацете“.

Љуботелите на англискиот фудбал во последните години се уверија дека луѓето од Тотенхем се вистински мајстори за трансфери, купуваат ефтино, а продаваат скапо. Својот најголем бисер се уште го чуваат во тимот, но кога ќе одлучат да го продадат, сигурно ќе има многу заинтересирани.

Станува збор за младиот играч за врска и англиски репрезентативец Деле Али кој во Тотенхем пристигна за скромни 5 милиони фунти, а цената за две сезони му порасна на вртоглави 150 милиони фунти.

Купувањето на Деле Али со право може да се смета најдобар трансфер во Англија во последните години. Али со своите феноменални партии во дресот на „спарси“ денес прерасна во еден од најдобрите домашни фудбалери и лидер на националниот тим.

Али е роден 1996 година и за Англија веќе има одиграно 21 натпревар на кои постигна два гола. Тотенхем го „украде“ од МК Донс за само 5 милиони фунти.

Прочитајте поврзани статии
Повеќе P. K.
Load More In Трансфер зона

Проверете

Потврдено: Интер преговара со Чилеанец!

Интер има одличен старт на сезоната, меѓутоа сега пораснаа амбициите на раководството, па …