Дома Најава НАЈАВА: Ел Класико како предигра на сезоната – состави, квоти, интересни факти

НАЈАВА: Ел Класико како предигра на сезоната – состави, квоти, интересни факти

2 секунди
0
1,251

Оваа сезона ќе гледаме најмалку четири Ел Класика, а првото се игра вечерва на „Камп Ноу“ за Супер купот на Шпанија, како загревање за новата сезона во Примера.

„Кралскиот“ клуб го нема освоено овој трофеј од 2012 година, кога исто така противник му беше Барселона. Тогаш двата тима запишаа по една победа, 2:1 во Мадрид и 3:2 во Барселона, па головите на гостински терен го однесоа трофејот во Мадрид.

Вечерва ќе биде и официјаното деби за новиот тренер на Каталонците, Ернесто Валверде, кој ќе се обиде да ја поправи лошата статистика против Реал Мадрид. До сега во кариерата како тренер тој загубил 13 од 20 меча.

Натпреварот на „Камп Ноу“ ќе биде интересна и поради отсуството на Нејмар, кој беше една од основните фигури во Барса изминативе години.

„Ел Класико“, кога е Барселона во прашање е во сенка на активностите на клубот на трансфер пазарот. Барса очајнички се обидува да најде замена за Нејмар, но обидите да се донесат на „Камп Ноу“ Фелипе Кутињо и Осман Дембеле барем засега се неуспешни.

Ова ќе биде 13-ти дуел на вечните ривали во Суперкупот на Шпанија. На претходните 12 Реал има шест победи, Барселона победила четири пати, а два натпревари завршиле без победник.

Повреди и суспензии:

Тренерот на Барселона ќе има поголеми проблеми при составување на тимот бидејќи поради повреда надвор од групата се: Вермален, Арда Туран, Андре Гомеш, Марлон, Сампер, Мунир и Даглас.

Зидан единствено нема да може да смета на Лука Модриќ за вечершаниот дуел, па се очекува на негово место стартер да биде Ковачиќ.

Веројатни состави:

Барселона:Тер Штеген – Видал, Пике, Умтити, Алаба – Ракитиќ, Бускетс, Иниеста – Меси, Суарез, Делуфеу.

Реал Мадрид: Навас – Карвахал, Серхио Рамос, Варан, Марсело – Крос, Каземиро, Ковачиќ – Роналдо/Иско, Бензема, Бејл.

Според обложувалниците Барселона е благ фаворит, па така според bet365 коефициентот за победа на Барса изнесува 2.00, за реми 4.00 додека за победа на Реал 3.30.


Коефициентите се превземени од bet365

Прочитајте поврзани статии
Повеќе P. K.
Load More In Најава

Проверете

Каталонија „ГОРИ“: Гвардиола доаѓа по Меси, „граѓаните“ спремни да ја платат клазулата!?

Неверојатни вести пренесуваат островските и каталонските медиуми, управата на Манчестер Си…