Дома Фудбал Напаѓач од 1 милијарда: Бензема во Реал Мадрид до 2021!

Напаѓач од 1 милијарда: Бензема во Реал Мадрид до 2021!

0

Напаѓачот на Реал Мадрид, Карим Бензема денес и официјано стави потпис на нов договор и се обврза на верност кој „кралевите“ до јуни 2021 година.

Францускиот напаѓач според новиот договор годишно ќе заработува 7,5 милиони евра по сезона, а Реал Мадрид во неговиот договор стави откупна клаузула од 1 милијарда евра.

Бензема е третиот фудбалер на Реал Мадрид кој го продолжува договорот во поседната седмица, откако претходно истото го направија Иско и Карвахал.

Бензема пристигна на „Сантиаго Бернабеу“ во 2009 година за 35 милиони евра и од тогаш е незаменлив дел од тимот на „кралевите“. Иако не добива големо признание, Французинот е незаменлив кај сите 5 менаџери кои се сменија на клупата.

Прочитајте поврзани статии
Повеќе P. K.
Load More In Фудбал

Проверете

Видео: Јувентус броеше до шест, хет-трик на Кедира!

Италијанскиот шампион Јувентус се врати на победите и со високи 6:2 славеше на гостувањето…