Дома Трансфер зона Мурињо: Сега само продавам, штедам пари за на лето!

Мурињо: Сега само продавам, штедам пари за на лето!

0 секунди
0
1,726

Менаџерот на Манчесер Јунајтед, Жозе Мурињо нема да биде активен во зимскиот преоден рок и покрај гласините дека „Специјалниот“ ќе ја засили одбраната.

Англиските медиуми шпекулираат со разни имиња, па тврдат дека дресот на „црвените ѓаволи“ би можел да го облече дефанзивецот на Рома, Костас Манолас.

„Мислам дека Манчестер Јунајтед во зимскиот преоден рок само ќе продава, а нема да купува играчи. Сакаме да заштедиме пари за на лето да бидеме активни на пазарот“.

„Минатото лето купивме четворица играчи од највисоко ниво. Ќе делуваме и следното лето и ќе купуваме само врвни фудбалери“, заклучи Мурињо.

Веќе подолго време се зборува дека прва трансфер цел на Мурињо следното лето ќе биде ѕвездата на Атлетико Мадрид, Антоан Гризман.

Прочитајте поврзани статии
Повеќе P. K.
Load More In Трансфер зона

Проверете

Постигна 89 погодоци, го сака „половина“ Премиер лига, а тој го избира Челзи?

„Сините“ се најблиску дo доведување на фудбалерот за кого интерес покажа „половина“ Премие…