Дома Луд Спорт Модриќ може да оди во затвор поради лажно сведочење!

Модриќ може да оди во затвор поради лажно сведочење!

0 секунди
0
932

Обвинителството во Осиек покрена истрага против Лука Модриќ под сомнение дека лажно сведочел во случајот што се води против Здравко Мамиќ.

Обвинителството објави дека е покрената истрага против хрватски државјанин (1985), под сомнение дека при сведочењето во судот во Осиек, со давање лажен исказ, сторил казнено дело против правосудството.

Обвинителството тврди дека Модриќ лажел кога сведочел и го сменил исказот во корист на Здравко Мамиќ, со кого имал потпишан граѓански договор уште кога имал 14 години. Според обвинителите, Модриќ лажно сведочел за потписот на анексот на договорот околу поделбата на отштета што Динамо ја добил од неговиот трансфер во Тотенхем.

Доколку Модриќ биде осуден, според хрватскиот закон може да добие затворска казна од шест месеци до пет години.

Прочитајте поврзани статии
Повеќе P. K.
Load More In Луд Спорт

Проверете

Видео: Навивачите на Хајдук направија хаос во Англија и го прекинаа мечот

Навивачите на Хајдук, популарните „Торцида“ направија хаос на мечот со Евертон во Лига Евр…