Дома Македонски спорт Мак ракомет Младите ракометари ремизираа со Португалија

Младите ракометари ремизираа со Португалија

0 секунди
0
607

Младата македонска ракометна репрезентација одигра нерешено со Португалија 21:21 во натпреварот од второто коло, во квалификациите за пласман на Светското првенство во Алжир.

Македонија отвори добро, Томовски беше сигурен на голот, а Велковски и Талески ја диктираа играта во нападот. Направи Македонија предност од два гола, 4:2, 5:3, 6:4 и тука застана.

Португалците се ослободија од тремата, започнаа да играат цврсто во одбраната и со серија од пет гола го презедоа водството 6:9.

Стартот на вториот дел навести подобра игра на Македонија, со три гола во низа предноста на Португалците ја намалија на два гола 12:14. Португалците ја чуваа предноста сѐ до последните десет минути кога повторно во вистински ритам влезе голманот Томовски, а Велковски погоди за израмнување 19:19, а потоа Талески за предност на Македонија.

Мечот во своите раце го имаше Палевски, кој при резултат 21:20 во контра го погоди дирекот, а потоа Португалија израмни за конечни 21:21.

Во пресрет на решавачкото последно коло, овие две селекции имаат по три бода, а Португалците имаат подобра гол разлика.

Прочитајте поврзани статии
Повеќе P. K.
Load More In Мак ракомет

Проверете

Младата ракометна репрезентација поразена од Тунис на светското првенство во Алжир

Јуниорската ракометна репрезентација на Македонија го претрпе првиот пораз на Светското пр…