Дома Македонски спорт Мак баскет МЗТ остана без тренер, Јончевски поднесе оставка

МЗТ остана без тренер, Јончевски поднесе оставка

0 секунди
0
108

Александар Јончевски поднесе оставка на функцијата шеф на стручниот штаб на кошаркарскиот клуб МТЗ Скопје Аеродорм.

Јончевски, на клупата на македонскиот првак го наследи Емил Рајковиќ, на кого му беше прв асистент. Како тренер го предводеше МЗТ на девет натпревари, на кои забележа само две победи.

Инаку, оставката доаѓа по клупското соопштение дека стручниот штаб и играчите, поради незалагање на натпреварите и тренинзите, се казнети со по една плата.

МЗТ в среда ќе го пречека Лиеткабелис, во рамките на Еврокупот, а на тој натпревар на тренеркста клупа македонскиот првак ќе го предводат Горан Крстевски, досегашниот асистент на Јончевски и Александар Књазев, кој ќе ја има улогата на стручен консултант.

Прочитајте поврзани статии
Повеќе Sportski
Load More In Мак баскет

Проверете

Ракометарките ги почнаа подготовките за баражот со Шведска

Сениорската женска репрезентација на Македонија утрово, во СЦ „Јане Сандански“ во Скопје г…