Дома Топ вести Меси славеше јубилеј, Алкасер му ја украде вечерта! (Видео)

Меси славеше јубилеј, Алкасер му ја украде вечерта! (Видео)

Eкипата на Барселона вечерва со резултат од 2:1 го совлада одличниот тим на Севиља.

Во овој натпревар првата ѕвезда на тимот Лионел Меси стигна до фантастичен јубилеј од 600 официјални натпревари за гигантот од Каталонија и сега само ветераните Чави Хернандез и Андрес Иниеста се пред Аргентинецот во овој сегмент.


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Сепак, на јубилејот на Меси друг фудбалер му ја украде вечерта. Пако Алкасер беше херојот на Барселона во овој натпревар. Алкасер прво во 23 минута во грешката во дефанзивата на гостите успеа да погоди за 1:0. До крајот на полувремето тоа беше единствениот погодок.

Севиља успеа да стигне до изедначување во вториот дел преку Пизаро, но за трите бода да останат во Каталонија се погрижи повторно Алкасер кој во 65 минута ги постави конечните 2:1, а само една минута подоцна беше заменет.



Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Топ вести

Проверете

Манчестер Јунајтед со богата понуда за Рабио

Манчестер Јунајтед спрема  понуда за ѕвездата на Јувентус и француската репрезентациј…