Дома Фудбал Останато Марсеј одлучи да се пошегува, но погледнете каков ОДГОВОР им спреми ПСЖ! (Фото)

Марсеј одлучи да се пошегува, но погледнете каков ОДГОВОР им спреми ПСЖ! (Фото)

0

Конфликтот на релација Кавани – Нејмар, стана мегапопуларен во светот, а ривалите на францускиот клуб ја искористија приликата да се потсмеваат на богатиот клуб од Париз.

Да потсетиме, Нејмар побара да шутира пенал, Кавани не му дозволи, на кратко тоа беше целата ситуација. Потоа, следуваа разни коментари, од кои поголемиот дел го поддржуваа Уругваецот, а на крајот реномираниот француски медиум пренесуваше и дека Нејмар му се извинил на Кавани.

Ваквата ситуација ја искорсти Олимпик Марсеј кој одлучи да се пошегува на сметка на ривалот. Имено, тие на осцијалните мрежи поставија слика под која напишаа: „Судир во Марсеј. „Ти изведи го пеналот“, “Не, ти изведи го“, „Не, ти!“.

Но, на ПСЖ не му требаше многу да возврати, па одговорот следуваше исто така преку социјалните мрежи.

„Сте виделе ли некогаш фудбалери на Марсеј во шеснаесникот? Никогаш. А сакаат да добијат пенал…

Прочитајте поврзани статии
Повеќе S. D.
Load More In Останато

Проверете

Видео: Јувентус броеше до шест, хет-трик на Кедира!

Италијанскиот шампион Јувентус се врати на победите и со високи 6:2 славеше на гостувањето…