Дома Фудбал Останато НЕВЕРОЈАТНО: Овие играчи наскоро остануваат БЕЗ договор!

НЕВЕРОЈАТНО: Овие играчи наскоро остануваат БЕЗ договор!

Зимскиот трансфер период е многу блиску, само уште месец и пол до отворањето и би можеле да видиме некои големи работи, можеи повеќе од било кој друг зимски период во историјата.

Причината за тоа е што Новата Година им овозможува на играчите да се приближат кон крајот на договорите и да започнат да преговараат со заинтересираните клубови во јануари, некои од најголемите имиња на светскиот фудбал би можеле да ги променат клубовите.


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Додека некои играчи на листата несомнено ќе потпишат со нови клубови во следните неколку недели и месеци, нивните клубови се обидуваат да не ги изгубат своите играчи во бесплатен трансфер. Арсенал за ова е најдобриот пример, бидејќи „Топчиите“ очекуваат Санчез и Озил, кои чинат 74 милиони фунти, следното лето да го напуштат Арсенал.

Во друг случај, Барселона најверојатно ќе му ја даде на Меси цела слободна Каталонија, па дури и се што би побарал само да не ги напушти нивните редови во бесплатен трансфер. Додека Ница исто така ќе се бори за Марио Балотели на југот на Франција.

Жозе Мурињо ќе биде воодушевен доколку потпише нови договори со Андер Ерера и Маруан Фелаини, за никој да не може да рече дека тие ќе го напуштат „Олд Трафорд“, иако помалку е познато дали Мурињо тоа го чувствува и за Дејли Блинд, додека Јувентус сака да потпише со Џорџо Киелини на уште една година.

Листата на играчи кои би можеле да бидат на располагање во слободен трансфер не е лоша, нели? Само би можеле астрономските плати да бидат вклучени во потпишување на сите овие играчи, што е мал проблем за потенцијалните купувачи.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останато

Проверете

Клоп се пожали: Тоа што ни го прават не е нормално

Јирген Клоп како и неколку пати во текот на сезоната повторно се жалеше на густиот распоре…