Дома Трансфер зона Конте ја сака ѕвездата на Леверкузен!

Конте ја сака ѕвездата на Леверкузен!

0 секунди
0
953
Loading...

Англиските медиуми тврдат дека Челзи е силно заинтересиран за ѕвездата на Баер Леверкузен, Хакан Чалканоглу и дека „сините“ веќе испратиле официјална понуда за него.

Конте го сака турскиот репрезентативец бидејќу во него гледа идеална замена за Оскар кој неодамна се пресели во Кина.

Сега се чека одговор од страна на Баер Леверкузен, но најавите се дека „фармацевтите“ ќе ја одбијат понудата бидејќи не сакаат да се разделат со својата ѕвезда на средина од сезоната.

Чалканоглу веќе втора сезона блеска во дресот на „фармацевтите“ и го привлече вниманието на многу европски гиганти, меѓу кои Манчесер Јунајтед, Милан и Ливерпул.

„Сините“ сакаат да ја победат конкуренцијата, но тешко е да се верува дека трансферот може да се реализира во зимскиот преоден рок, поголема е веројатноста Чалканоглу да се пресели на „Стенфорд Бриџ“ следното лето.

Прочитајте поврзани статии
Повеќе P. K.
Load More In Трансфер зона

Проверете

Венгер тврди: Нема шанси Санчез да заврши во ривал од Премиер лигата!

Иднината на Алексис Санчез е главна тема на Островот со оглед на фактот што Чилеанецот сеу…