Дома Трансфер зона Конте со ред за врска поцврст и од Кинескиот ѕид: Канте, Матиќ – Бакајоко! На маса се 50 милиони

Конте со ред за врска поцврст и од Кинескиот ѕид: Канте, Матиќ – Бакајоко! На маса се 50 милиони

3 секунди
0
2,505

Веќе некое време се шушка, но според информациите од островот, време е муабетот и да распали. Антонио Конте, осоколен од великодушната понуда од Роман Абрамович ова лето да потроши и до 200 милиони фунти (230 милиони евра) за засилувања, би формирал тим кадарен да го нападне и тронот на Премиер лигата и тронот на Лигата на шампионите, па веќе тргна по првиот пик. На мета е Тимуе Бакајоко од Монако.

Како што наведува угледниот Telegraph, во Лондон се свесни дека Монако, после речиси совршената сезона, нема да продава евтино. Односно, дека 22-годишниот фудбалер нема да ги чини помалку од 50 милиони евра. А можеби и повеќе.

Челзи наводно е заинтересиран и за сонародникот на Бакајоко, Томас Лемар, но и свесен дека шансите Монако да ги продаде двајцата се еднакви на нула. Кнезовите повеќе пати јавно истакнаа дека веќе не се во финансиска дубиоза, па сакаат уште една резултатски успешна сезона. Неофицијално може да се чуе дека зелено светло да си одат ќе добијат само двајца играчи. Најчесто се шпекулира со имињата Бернардо Силва и токму Бакајоко.

Поради тоа, Сините тргнаа во освојување на овој вториот, па се спремни како залог да го пратат и Мишу Батшуаји, кој тешко дека ќе се наигра на Стемфорд, иако против Вест Бромвич Албион постигна гол за титула. Тоа беше само негов втор погодок откако минатото лето стигна од Марсеј за 38,5 милиони евра. Крај своето име сè уште нема натпревар како стартер меѓу првите 11-мина од Конте.

А ако Монако и не го сака него – парите не се проблем. Сините уште ги немаат потрошено 60-те милиони фунти (околу 70 милиони евра) од продажбата на Оскар во Кина, па бидејќи се претпоставува дека и Диего Коста ќе замине на Далечниот Исток – и тоа за дури 90 милиони евра – јасно е дека на Стемфорд Бриџ касата тежи-лежи од кеш.

Од друга страна, мети се и Ромелу Лукаку, со тоа што Евертон бара 100 милиони евра, кои Челзи ни во лудило не би ги дале, па стоперот од Саутемптон, Вирџил Вај Дајк, иако „Светците“ тврдат дека нема да го пуштат, но тоа досега го правеле толку пати, па сепак попуштале. Тивко се шепоти дека „Сините“ би можеле да тргнат по уште еден играч на Евертон, Рос Баркли, но и тука постојат големи разлики во проценката на неговите квалитети (му бараат 50 милиони фунти), а се знае дека Алексис Санчез е под лупа, но се знае дека Баерн, па и ПСЖ имаат предност.

За почеток, сепак – Тимуе Бакајоко!

Прочитајте поврзани статии
Повеќе A. V.
Load More In Трансфер зона

Проверете

Постигна 89 погодоци, го сака „половина“ Премиер лига, а тој го избира Челзи?

„Сините“ се најблиску дo доведување на фудбалерот за кого интерес покажа „половина“ Премие…