Дома Трансфер зона Конте го сака напаѓачот на Црвена Звезда

Конте го сака напаѓачот на Црвена Звезда

0

Менаџерот на Челзи, Антонио Конте е заинтересиран за напаѓачот на Црвена Звезда, Ричмонд Боачи и испратил скаути да го гледаат на натпреварот против Арсенал.

Напаѓачот од Гана, на почеткот на годината пристигна во Црвена Звезда и со своите партии и голови веднаш го привлече вниманието на многу големи клубови.

Конте одлично го познава Боачи бидејќи пред 5 години тој го донесе во Јувентус, но тој не запиша ниту еден настап за клубот од Торино. Играше како позајмен играч во Сасуоло, Елче, Рода, Латина, а од јануари е во Белград.

„Сините“ се во потрага по напаѓач, а англиските медиуми пренесуваат дека Конте е спремен да плати 10 милиони евра за да го донесе Боачи на „Стенфорд Бриџ“.

Прочитајте поврзани статии
Повеќе P. K.
Load More In Трансфер зона

Проверете

Чудото од дете на Ајакс се сели во Барселона

Барселона одлично ја отвори сезоната, но тренерот Валверде веќе размислува за нови засилув…