Дома Фудбал Останато Комичната слика на Суарез не е пропуст, тоа e одмазда на ФИФА!

Комичната слика на Суарез не е пропуст, тоа e одмазда на ФИФА!

0 секунди
0
2,436

На церемонијата на ФИФА при доделување на наградите за најдобар фудбалер на светот се случи бизарен пропуст на организаторот кој го навреди напаѓачот на Барселона, Луис Суарез.

Имено, Суарез беше избран во најдобриот тим на годината, а на екранот се појавија слики од сите 11 фудбалери кои го сочинуваат најдобриот тим. Но, кај сите фудбалери беа користени официјални слики во продукција на ФИФА, освен кај Суарез.

На фотографијата која ја публикуваше ФИФА Уригваецот е во комично издание, па поради тоа сликата беше сватена како навреда.

Уругвајскиот медиум „Национал“ тврди дека Суарез една недела пред церемонијата ги контактирал луѓето од ФИФА и им кажал дека нема да присуствува на церемонијата од причина што и понатаму е лут за ригорозната казна која му беше изречана после СП 2014.

Поради тоа организацијата предводена од Џани Инфантино сакала да му се одмазди, па токму поради тие причини ја користеле комичната фотографија.

Прочитајте поврзани статии
Повеќе P. K.
Load More In Останато

Проверете

Меси: Го почитувам Роналдо, фантастичен е!

Ѕвездата на Барселона даде опирно интервју за „Coach Magazine“ во кое зборуваше за многу и…