Дома Трансфер зона Клоп потврди: Имаме пари и ќе трошиме!

Клоп потврди: Имаме пари и ќе трошиме!

0 секунди
0
927

Со победа во последното коло против Мидлзборо Ливерпул ќе ја оствари целта – пласман меѓу четирите најдобри во Премиер лигата.

Медиумите најавуваат дека во текот на летото Јирген Клоп значително ќе го засили тимот за настапот во Лигата на шамиони следната сезона.

„Како што реков и претходно, Лигата на шампиони е прекрасно натпреварување. Таму може да се заработат доста пари. Тие пари ги немавме минатата година и тоа е многу важно. Сепак, ние сме клуб без финансиски проблеми и се наоѓаме во добра позиција. Имаме пари за трошење, но сметаме дека секогаш треба добро да се анализира пред да се потрошат парите“, истакна Клоп.

За играње во најквалитетното натпреварување на „црвените“ ќе им бидат потребни засилувања, а самиот Клоп признава дека веќе разговарале со некои нови играчи.

„Имаме добар тим особено кога нашите 11, 12, 13 најдобри фудбалери се во форма. Сепак, постојат неколку интересни фудбалери и бидете сигурни дека веќе сме разговарале со некои од нив“, потврди Германецот.

Прочитајте поврзани статии
Повеќе P. K.
Load More In Трансфер зона

Проверете

Еве што вели претседателот на Атлетико, Сересо, за заминувањето на Гризман

Претседателот на Атлетико Мадрид, Енрике Сересо, ги демантираше шпекулациите дека Антоан Г…