Дома Фудбал Репрезентации Квалификации за СП: Германија убедлива, Англија едвај!

Квалификации за СП: Германија убедлива, Англија едвај!

2 секунди
0
73

Актуелниот светски шампион Германија со убедлива победа над Норвешка ги започна квалификациите за СП 2018, додека Англија победи во последните минути против Словачка.

Германија доминираше во текот на целиот натпревар, и многу лесно нејзините играчи доаѓаа до противничкиот казнен простор, па лесно можеше да се случи нивната победа да биде уште поуверливо изразена. Двоен стрелец за Германија беше Томас Милер во 16 и 60 минута, а во 45-та погоди и Џошуа Кимих.

Во Групата Е во Букурешт Романија и Црна Гора ги поделија бодовите (1-1), со головите постигнат во последните пет минути. Прво домаќините поведоа во 85 минута преку Адријан Попа, а две минути подоцна изедначи Стеван Јоветиќ.

Во оваа група Полска претходно на гостувањето во Казахстан ја испушти предноста од два гола направена веќе во 35 минута од натпреварот и дозволи домаќинот со два брзи гола да израмни на 2-2. Данска очекувано ја совлада Ерменија со 1-0.

Англија со новиот селектор оствари значајна победа на гостувањето во Словачка. Иако во текот на целиот меч ја имаа иницијативата, а речиси 40 минути поради непромислениот потег на словачкиот стопер Мартин Шртел кој заработи дефинитивно втор жолт картон и исклучување, Англичаните не успеваа да ја пробијат домашната одбрана. Сепак, по истекот на четирите минути од судиското продолжување, Лалана од мешаница среќно постигна гол.

Проверете

Лоши вести за Јувентус – Пјаца доживеа тешка повреда!

Хрватскиот репрезентативец и член на Јувентус, Марко Пјаца доживеа тешка повреда на мечот …