Дома Фудбал Карлос: Зидан ќе биде најдобар тренер во светот!

Карлос: Зидан ќе биде најдобар тренер во светот!

0 секунди
0
346

Легендарниот Бразилец, Роберто Катлос смета дека неговиот поранешен соиграч Зинедин Зидан во иднина ќе биде најдобар тренер на светот.

Зидан го наследни Рафа Бенитез на клупата на Реал во јануари минатата година и веднаш ја освои Лигата на шампиони, Светското клупско првенство, а „кралевите“ се моментално во серија од 39 натпревари без пораз.

Зизу беше во потесниот избор за тренер на годината во изборот на ФИФА, но наградата сепак отиде кај Клаудио Раниери кој со Лестер стана шампион на Англија.

„Погледнете ги бројките, јас не морам ништо да кажувам, нема многу тренери кои ги направија тоа што го направи тој за само една година. Му посакувам многу среќа, Зизу работи многу добро – едноставно и модерно. Мислам дека ќе биде најдобриот тренер во светот во иднина“, изјави Карлос.

Прочитајте поврзани статии
Повеќе P. K.
Load More In Фудбал

Проверете

Англичаните тврдат: Барселона го сака Клоп!

После дебаклот кој го доживеа Барселона во Париз готово извесно е дека Луис Енрике на крај…