Дома Топ вести И Ливерпул испрати понуда за Мбапе – еве што вели Монако!

И Ливерпул испрати понуда за Мбапе – еве што вели Монако!

0 секунди
0
1,715

Килијан Мбапе е најголемото фудбалско откритие оваа сезона во Европа. Младиот напаѓач на Монако го посакуваат најголемите европски клубови, а неговата цена од ден на ден вртоглаво расте.

Името на Мбапе често се поврзува со трансфер во Реал Мадрид, Барселона, клубовите од Манчестер, но интерес за младиот Французин покажува и Јирген Клоп.

Како што пренесе мадридска „Марка“ Ливерпул испратил официјална понуда од 75 милиони евра, меѓутоа Монако експресно ја одбил истата.

Моменталната цена на Мбапе изнесува 100 милиони евра и тоа е сумата под која клубот од „кнежевството“ нема да започне преговори.

Сепак, од раководството на Монако порачаа дека сакаат да го задржат Мбапе и дека имаат финансиска моќ да одбијат и понуди од 130 милиони евра.

Во Монако се свесни дека нема да можат да го задржат по секоја цена, па ќе му дозволат да замине доколку самиот фудбалер побара трансфер, но тоа сигурно нема да биде за сума помала од 100 милиони евра.

Прочитајте поврзани статии
Повеќе P. K.
Load More In Топ вести

Проверете

Џеко и Пероди му приредија победничка „журка“ на Тоти за збогум од Рома

Последниот меч на Франческо Тоти во дресот на Рома и веројатно во кариерата заврши успешно…