Дома Останати Кошарка Избрана најдобрата петорка во НБА – нема претставник од Голден Стејт

Избрана најдобрата петорка во НБА – нема претставник од Голден Стејт

2 секунди
0
434

НБA лигата ги објави најдобрите петорки за сезоната 2016/2017. Раритет е штo во првата петорка нема ниту еден играч на тимот кој го оствaри најдобриот резултат во регуларниот дел, Голден Стејт Вориорс.

Првата петорка ја предводат кандидатите за МВП наградата Џејмс Харден од Хјустон и Расел Вестбрук од Оклахома, а останатите тројца се Леброн Џејмс (Кливленд), Каваи Ленард (Сан Антонио) и Ентони Дејвис (Њу Орлеанс).

Во втората петорка има двајца играчи на Голден Стејт, Стеф Кари и Кевин Дурент и двајца Европејци, Јанис Адетокумбо (Милвоки) и Руди Гобер (Јута), а свое место во втората петорка најде и најдобриот играч на Бостон Ајзеа Томас.

Третата петорка ја формираа Џон Вол (Вашингтон), Демар Дерозан (Торонто), Џими Батлер (Чикаго), Дрејмонд Грин (Голден Стејт) и Деандре Џордан (ЛА Клиперс).

Единствен кој во гласањето доби максимални 500 поени е Харден од Хјустон.

Прочитајте поврзани статии
Повеќе P. K.
Load More In Кошарка

Проверете

Преку пресврт Македонија славеше над Холандија на „Трофеј Македонија“

Македонската репрезентација вечерва славеше над Холандија со 78:72 во рамки на турнирот „Т…