Дома Фудбал Англија Ибра во свој стил: Мојот нос е поголем од неговата кариера

Ибра во свој стил: Мојот нос е поголем од неговата кариера

0 секунди
0
1,937

Враќањето на Златан Ибрахимовиќ на теренот се очекува да биде до крајот на календарската 2017. година, по тешката повреда на лигаментите на коленото.

Швеѓанецот одлучи да не ја промени средината, и ќе остане во тимот на Жозе Мурињо, каде што на врвот на нападот ќе има конкуренција од Ромелу Лукаку кој одлично се снаоѓа на позицијата класична деветка. Лукаку го зеде дресот со број 9 кој го носеше Ибра минатата сезона, каде што Ибра изјави дека тоа не му смета бидејќи десетката повеќе му одговара.

Многу англиски медиуми по продолжувањето на соработката помеѓу Ибра и Јунајтед тврдат дека малку време ќе му треба на Ибрахимовиќ да го турне Лукаку на клупата. Новинарите во Белгија и на Островот пишуваат дека тоа е просто невозможно, бидејќи Лукаку до сега постигна пет гола на пет официјални натпревари. Но, Ибра има коментар и за тоа, кој е во негов стил.

„Лукаку е подобар од мене? Немојте да ме смеете. Па мојот нос е поголем од неговата кариера“, изјави Ибра.

Но, како и да е, Манчестер Јунајтед по останувањето на Ибра во тимот има два одлични напаѓачи кои сигурно ќе постигнуваат многу голови и кои ќе му помогнат на Јунајтед да освојува нови бодови во нападот кон титулата која долго ја посакуваат.

Прочитајте поврзани статии
Повеќе V. T.
Load More In Англија

Проверете

Погодува, но и ТРЧА: Кој претрча најмногу во Леванте? Погодувате- ЕНИС БАРДИ!

Леванте во ликот на Енис Барди има вистински „бисер“ во своите редови, вчера бевме сведоци…