Дома Фудбал Останато Едногласна одлука: Светското првенство се проширува на 48 екипи!

Едногласна одлука: Светското првенство се проширува на 48 екипи!

0 секунди
0
639

Светската фудбалска федерација денес одлучи да го прошири Светското првенство на 48 репрезентации. Рекорден број на репрезентации прв пат ќе учествуваат на Мундијалот во 2026 година, чиј домаќин сѐ уште не е одреден.

Одлуката за проширување била донесена едногласно, што значи дека по СП-а во Русија 2018 и Катар 2022 година, на Мундијалот во 2026 година ќе учествуваат рекорден број на репрезентации.

Усвоен е системот од 16 групи со по три репрезентации, а пласман во нокаут фазата ќе изборат победниците на групите.

Идејата за проширување на Мундијалот најпрвин дојде од претседателот Џани Инфантино, истата помина на состанокот на ФИФА иако најголемите клубови, претходно јавно го искажаа своето незадоволство. Својата замисла Инфантино ја спроведе во дело добивајќи поддршка од најголемиот дел на националните сојузи.

Според новиот формат ќе биде зголемен бројот на натпревари кои ќе бидат одиграни од досегашните 64 на 80. Сепак, шампионот исто како и досега ќе треба да одигра седум натпревари за да стигне до титулата. Турнирот ќе трае исто како и досега, односно 32 дена.

Прочитајте поврзани статии
Повеќе P. K.
Load More In Останато

Проверете

Видео: Гигантот е жив! Хадерсфилд преку пенали после 45 години во Премиер лигата!

Екипата на Дејвид Вагнер славеше после пенал серијата. Во натпреварот на сезоната во Чемпи…