Дома Фудбал Лига на шампиони Еве ги можните противници на Вардар доколку го мине второто квалификациско коло

Еве ги можните противници на Вардар доколку го мине второто квалификациско коло

0 секунди
0
311

Македонскиот шампион Вардар има реални шанси да ја мине втората квалификациска рунда во Лигата на шампионите, а денеска, во 12 часот ќе го дознае името на потенцијалниот противник во наредното коло.

Вардар во првиот меч од второто коло одигра 1:1 во Малме против истоимената екипа и стекна големи шанси за пласман во наредната рунда.

УЕФА, во своето седиште во Нион, денеска ќе ги извлече двојките за третото квалификациско коло.

Потенцијални ривали на Вардар во третото квалификациско коло се: Линфилд или Селтик, Жилина или Копенхаген (1:3), БАТЕ Борисов или Алшкерт (1:1), ИФК (Финска) или Легија Варшава (0:3), односно Зрињски или Марибор (1:2).

Според резултатите од првите натпревари, противник на Вардар во третата рунда ќе биде Марибор, Легија, Копенхаген, БАТЕ Борисов.

Прочитајте поврзани статии
Повеќе A. V.
Load More In Лига на шампиони

Проверете

Нов шмекерски потег на Јирген Клоп: Ова е една од причините поради кои жените паѓаат на него (Видео)

Во второто коло од ЛШ, Ливерпул ќе гостува кај Спартак во Москва, а токму во пресрет на то…