Дома Топ вести Дојде како најскапо засилувње, донесе титула, и за него повеќе нема место

Дојде како најскапо засилувње, донесе титула, и за него повеќе нема место

0 секунди
0
3,978

Мичу Батчуаи со својот гол во 82-та минута против ВБА му донесе шампионска титула на Челзи, но за него нема повеќе место во тимот на Антонио Конте, пренесуваат англиските медиуми.

Батчуаи пристигна во Челзи минатото лето од Марсеј како најскапо засилување за 40 милиони евра, но младиот Белгиец не успеа да се наметне во тимот на Конте.

Во 19 настапи во Премиер лигата постигна само три гола, меѓу кои и најважниот со кој му донесе титула на „сините“. Во Куповите одигра седум натпревари и постигна четири гола. Прилично скромна статистика за напаѓач на елитен клуб.

Како што пренесуваат медиумите Батчуаи набро би можел да се врати во Франција бидејќи за него силен интерес покажуваат Монако и Марсеј, а во Англија најзаинтересиран е Вест Хем.

„Знаев дека нема да биде едноставно, знаев дека доаѓам во голем клуб со прекрасно фудбалер“, изјави Батчуаи.

Прочитајте поврзани статии
Повеќе P. K.
Load More In Топ вести

Проверете

Барселона добива силна конкуренција: Реал, Челси и Арсенал, кој ќе исплати прв 40 милиони?

Младиот стопер на Ница, Маланг Сар зимата првпат се најде во центарот на вниманието на Бар…