Дома Топ вести Донарума се „КОЛНЕ“ на верност: Донесов добра одлука, во Јувентус НИКОГАШ!

Донарума се „КОЛНЕ“ на верност: Донесов добра одлука, во Јувентус НИКОГАШ!

0

Младиот голман кој предизвика „бура“ во Италија ова лето сега се „колне“ на верност кон клубот од Милано.

Голем дел од летото Џанлуиџи Донарума беше ударна тема на Апенините. Сето тоа се случуваше поради неговиот нов договор за Милан и сето тоа се претвори во вистинска летна сапуница.

Советуван од страна на контроверзниот менаџер Мино Раиола, Донарума прво ја одби понудата од Милан за продолжување на соработката и со тоа ги разбесне сите во клубот, но и навивачите кои започнааа да го нарекуваат „предавник“, сепак на крајот тој ја продолжи верноста кон клубот.

Иако Донарума потпиша нов договор, тоа не значи дека Милан го блидирал младиот ас. Донарума има договор на четири години, но и откупна клазула 70 милиони евра. Меѓутоа тој тврди дека ќе остане верен на Милан.

„Смедам дека донесов добра одлука што го одбив Реал Мадрид. Останав во Милан бидејќи тоа го сметав за исправна одлука. Милан е мој дом. Во Јувентус никогаш не би преминал. Сега сум сконцентриран само на договорот со Милан“, изјави Донарума.

Прочитајте поврзани статии
Повеќе S. D.
Load More In Топ вести

Проверете

Монтела: Во игра е целата моја кариера, и таа може да биде одлучена според ВАР!

Италијанскиот гигант Милан одличи повторно да му даде доверба на тренерот Монтела и покрај…