Дома Фудбал Италија Донарума добива „договор од соништата“

Донарума добива „договор од соништата“

0 секунди
0
5,162

Новите сопственици на Милан се спремни да му понудат богат договор на Џиџи Донарума со што младиот голман ќе стане еден од најплатените фудбалери во Серија А, пренесуваат италијанските медиуми.

Донарума со само 17 година веќе стора сезона е прв голман на Милан и со своите квалитети го воодушевува целиот свет, а особено европските гиганти кои се спремни да потрошат богатство за да го доведат во своите редови.

Сепак, Милан не ни помислува да се откаже од својот бисер и спрема нов, мултимионски договор за фантастичниот млад голман кој сеуште не е полнолетен.

„Кориере дело Спорт“ пренесува дека Кинезите кои ќе го преземат Милан веќе спремиле 50 милиони евра за новиот договор на Донарума.

Имено, Џиџио ќе добие нов петгодишен договор според кој ќе заработува 5 милиони евра по сезона плус бонуси и ќе стане еден од најплатените фудбалери во Серија А, а договорот треба да биде потпишан на 1-ви јули.

Во моментов Донарума има аматерски договор бидејќи е малолетен и заработува само 160.000 евра годишно.

Прочитајте поврзани статии
Повеќе P. K.
Load More In Италија

Проверете

Фановите не простуваат, доволна беше само секунда: Овен да биде исфрлен од клубот!

Навивачите на Ливерпул започнаа петиција, Мајкл Овен веднаш да биде исфрлен од клубот. Ове…