Дома Фудбал Дани Алвеш ги критикуваше играчите на Барса поради бојкотот!

Дани Алвеш ги критикуваше играчите на Барса поради бојкотот!

0 секунди
0
1,023

Фудбалерите на Барселона не присуствуваа на церемонијата во Цирих, каде ФИФА ги додели наградите за најдобрите во 2016-та, а тоа воопшто не му се допадна на Дани Алвеш.

Поранешниот фудбалер на Барселона на свечената церемонија даде кратка изјава во која ги критикуваше своите поранешни соиграчи од Барселона, кои одлучија да не се појават во Цирих на доделувањето на наградите.

„Според мене требаше да дојдат. И повеќе од подготвени се за натпреварот во среда. Треба да ја почитуваме нивната одлука, но мислам дека требаше да дојдат. На сцената видов многу од белите и се почувствував лошо“, изјави Алвеш.

Официјалното образложение од Барселона по овој повод беше дека екипата се фокусирала на мечот од Купот против Атлетик Билбао, кој се игра во среда, па затоа во Цирих не се појавија Меси, Нејмар, Пике, Иниеста и Суарез.

Прочитајте поврзани статии
Повеќе P. K.
Load More In Фудбал

Проверете

Џеко и Пероди му приредија победничка „журка“ на Тоти за збогум од Рома

Последниот меч на Франческо Тоти во дресот на Рома и веројатно во кариерата заврши успешно…