Дома Фудбал Репрезентации Дали Панама прерано прослави – Поради ФАНТОМСКИОТ гол натпреварот би можел да се повтори?! (Видео)

Дали Панама прерано прослави – Поради ФАНТОМСКИОТ гол натпреварот би можел да се повтори?! (Видео)

0

Големата судиска грешка која за Панама значеше огромна радост и пласман на Светското првенство Русија предизвика огромни контроверезии.

„Фантомскиот“ гол на Панама во 52 минута во последниот квалификациски натпревар против Костарика со кој изедначија на 1:1 и така го започнаа пресвртот кој се ќслучи на три минути пред крајот на средбата.

На непостоечкиот гол на Панама претходешен корнер, а во големата гужва пред голот на Костарика, кон голот шутираше Габриел Торес. Неговиот удар сигурно не ја помина гол-линијата, топката потоа беше исфрлена во корнер, но главниот судија Лопез покажа на центарот и така во овие квалификации ја одлучи судбината на дури три репрезентации.

Панама беше огромен добитник, а настрадаа Хондурас и посебно САД. Место Хондурас да слави заминување на СП и да брои дваесетина милиони долари како награда, тие одат на тежок натпревар во баражот против Австралија. Но, што да кажат Американците кои благодарение на судијата од Гватемала останаа без Светското првенство, прв пат после 1990 година.

Овие две репрезентации можат да се жалат кај ФИФА поради оваа судиска одлука кој им нанесе огромна штета.

Во медиумите зборуваше Мајкл Камарман кој е дел од Американскиот фудбалски сојуз.

„Колку што знам нема начин да се жалиме. Одлуката на судијата е конечна и неповратлива“, изјави Камарман.

Додека се чека реакцијата на Хондурас, да потсетиме дека ФИФА веќе направи преседат и донесе одлука за преигрување на натпревар поради голема судиска грешка, тоа беше натпреварот помеѓу Јужна Африка и Сенегал (2:1).

Прочитајте поврзани статии
Повеќе S. D.
Load More In Репрезентации

Проверете

Жиру ги замолкна „Делиите“ среде Белград во 85-та минута

Со голот во 85. минута, Оливие Жиру ги згасна надежите за победа кај сланите Делии и му до…