Дома Трансфер зона Гвардиола на шопинг во Монте Карло!

Гвардиола на шопинг во Монте Карло!

0 секунди
0
589

Според последните информации кои пристигнуваат од Островот, Манчестер Сити покажува силен интерес за фудбалерот на Монако, Фабињо.

Медиумите тврдат дека Фабињо е на само чекор од „Етихад“, но сеуште нема никаква потврда од клубовите за евентуалните преговори, како ни за цената која ќе ја платат „граѓаните“.

Пеп Гвардиола и минатото лето беше заинтересиран за Бразлецот, а лично можеше да се увери во неговите квалитети на дуелот од осминафиналето од Лигата на шампиони.

Фабињо е по вокација десен бек, но оваа сезона покажа дека одлично знае да игра и на позицијата заден играч за врска. Токму таа поливалентност го прави толку посакуван од страна на Пеп Гвардиола.

Фабињо кога простигна во Европа беше и на позајмица во Реал Мадрид Б, каде играше одлично, но не доби во првиот тим па се пресели во Монако.

Во „кнежевството“ буквално експлодира во последните две сезони и се промовираше во еден од најдобрите десни бекови, па интерес за него покажуваат многу европски гиганти.

Прочитајте поврзани статии
Повеќе P. K.
Load More In Трансфер зона

Проверете

Постигна 89 погодоци, го сака „половина“ Премиер лига, а тој го избира Челзи?

„Сините“ се најблиску дo доведување на фудбалерот за кого интерес покажа „половина“ Премие…