Дома Фудбал Англија Видео: Челзи шокиран на стартот, Руни за победа на Евертон

Видео: Челзи шокиран на стартот, Руни за победа на Евертон

6 секунди
0
844

Премиер лигата уште во првото коло донесе големо изненадување, Челзи на „Стенфорд Бриџ“ беше поразен од Барнли. Евертон победи со голот на повратникот Руни.

„Сините“ катастрофално ја започнаа новата сезона, проблемите започнаа уште во 14-та минута кога Гери Кејхил заработи црвен картон, а неколку минути подоцна гостите преку Воукс поведоа со 1:0.

До крајот на полувремето Барнли постигна уште два гола. Стефен Ворд во 39 минута зголеми на 0-2, а Воукс во 43 минута ја најави изненадувачката победа.

Во второто полувреме, Алваро Мората погоди во 69 минута за својот деби гол во Премиерлигата и ја врати надежта кај домаќините. Но потоа следуваше нов пех, Фабрегас заработи втор жолт картон и беше испратен во соблекувална.

Сепак, и со двајца играчи помалку, Челзи стигна до 2-3 во 88 минута. Мората одлични му асистираше на Давид Луиз, кој од пет метри ја затресе мрежата на гостите.


All Goals & highlights HD by livefootball10

Вејн Руни беше стрелец на своето второ деби во дресот на Евертон, отварајќи го резултатот на Гудисон Парк. Тоа се покажа дека е решавачки гол со кој „карамелите“ ги освоија трите бода.

Прочитајте поврзани статии
Повеќе P. K.
Load More In Англија

Проверете

Крај на сагата: Насри заминува во Турција

Некогашниот француски репрезентативец, Самир Насри кариерата ќе ја продолжи во Турција. На…