Дома Останати Кошарка Видео: Трилер меѓу Портланд и Детроит, нов трипл-дабл за Харден!

Видео: Трилер меѓу Портланд и Детроит, нов трипл-дабл за Харден!

1 секунди
0
502

Драмата со две продолженија во Портланд, која му припадна на Детроит и новиот трил дабл на Џејмс Харден ги обележаа натпреварите кои изминатата ноќ сае одиграа во НБА лигата.

Џејмс Харден продолжи со феноменалните партии, го предводеше Хјустон до осмата победа во низа, со трипл дабл од 40 поени, 10 скокови и 11 асистенции. Хјустон го победи Торонто 129:122.

Портланд во вистински трилер, по две продолженија, загуби од Детроит 124:125. Мечот го реши Колдвел-Поуп кој постигна тројка на девет секунди до крајот на второто продолжение.

Херојот на Детроит мечот го заврши со 26 поени, додека најефикасни беа Реџи Џексон со 31 поен, односно Андре Драмонд со 28 поени и 14 скокови. Кај Портланд Си-Џеј Мекалум уфрли 35, а Ален Краб го одигра мечот на кариерата, тој постигна 30 поени (5/5 за три).

Кливленд потешко од очекувањата го победи Феникс 120:116. Две третини од поените на Кливленд постигнаа тројца играчи: Леброн Џејмс 28, Кајри Ирвинг 27, Кевин Лав 25.

ЛА Лејкрес славеше против Орландо 111:95, а Мемфис ја совлада Јута 88:79.

Прочитајте поврзани статии
Повеќе P. K.
Load More In Кошарка

Проверете

Преку пресврт Македонија славеше над Холандија на „Трофеј Македонија“

Македонската репрезентација вечерва славеше над Холандија со 78:72 во рамки на турнирот „Т…