Дома Фудбал Останато Видео: Легендите на Јунајтед подобри од оние на Барса, Роналдињо брилијантен!

Видео: Легендите на Јунајтед подобри од оние на Барса, Роналдињо брилијантен!

Легендите на Барселона и Манчестер Јунајтед вчера одиграа ревијален натпревар, а славеше Јунајтед со 3:1.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


„Камп Ноу“ можеби не беше полн како кога актуелниот тим на Барселона игра натпревар од Ла Лига или Лигата на шампионите, но оние кои присуствуваа имаа чест да гледаат легенди како Ривалдо, Роналдињо, Едгар Давидс, но и Патрик Клајверт и Двајт Јорк.

Роналдињо на овој натпревар покажа дека и покрај годините сеуште има беспрекорен дриблинг, а и подели повеќе фантастични топки за неговите соиграчи.

Стрелци на натпреварот беа Бломквист во 13 минута, Побрски во 58, Двајт Јорк во 77 минута, додека единствениот гол за Барселона го постигна Федерик Деу во финишот од натпреварот.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останато

Проверете

Ливерпул понуди 100 милиони евра за Диоманде

Ливерпул се активираше во потрагата по сензацијата на РБ Лајпциг, Јан Диоманде, објавува н…