Дома Фудбал Германија Видео: Застрелан 21-годишен фудбалер во Германија

Видео: Застрелан 21-годишен фудбалер во Германија

0 секунди
0
668

Челниците на германскиот второлигаш Динамо Дрезден објавија синоќа дека нивниот млад фудбалер Марк Вахс е сериозно повреден во вооружен напад кој вчера бил извршен во Висбаден.

Младиот, 21-годишен фудбалер бил заедно со свои роднини кога биле нападнати на улица и во нив било пукано од огнено оружје.

Младиот фудбалер е итно опериран и не е во животна опасност, но еден од неговите роднини им подлегнал на повредите во болницата и починал, додека другиот е посериозно повреден, но е надвор од животна опасност.

„Шокирани сме и тажни. Целото семејство Динамо е со Марк и неговата фамилија и ја понудивме сета помош која можеме да ја пружиме. Марк и неговата фамилија ќе ја имаат нашата поддршка во процесот на опоравување и ништо друго не е важно. Ги замолуваме медиумите да ја почитуваат приватноста на нашиот фудбалер и да го пуштат во мир да се опорави“, изјави спортскиот директор на клубот.

Прочитајте поврзани статии
Повеќе P. K.
Load More In Германија

Проверете

Роналдо бесен: Јас постигнав гол, ти што направи?

Реал Мадрид беше поразен синоќа на „Местаља“ со 2:1, а медиумите тврдат дека Роналдо бил и…