Дома Фудбал Англија (Видео) Деле Али и Дејвис стрелаа за победа, Шелви исклучен, „петлите“ стартуваа победнички!

(Видео) Деле Али и Дејвис стрелаа за победа, Шелви исклучен, „петлите“ стартуваа победнички!

0

Својот прв натпревар од новата сезона во Премиер лигата денес со почеток во 14:30 часот го одиграа екипите на Њукасл и Тотенхем, славеше тимот на Маурисио Покетино со резултат 0:2.

„Петлите“ апсолутно заслужено дојдоа до трите бода во овој натпревар, избраниците на Маурисио Покетино прикажаа одлична игра и не му дозволија на Њукасл да создаде премногу шанси пред голот на Хуго Лорис.

Тотенхем создаваше шанси пред голот на Елиот, но погодок во првиот дел не видовме. На стартот на вториот дел Џоџо Шелви донесе дополнителни проблеми за тимот на Њукасл, заработи исклучување во 48 минута од средбата.

На првиот гол се чекаше се до 61 минута, кога мрежата на домаќините ја затресе Деле Али, а само девет минути подоцна,  Бен Дејвис ги постави конечните 0:2.

Прочитајте поврзани статии
Повеќе S. D.
Load More In Англија

Проверете

УЛТИМАТУМ: Монтела ќе го „доживее“ Јувентус само со шест бода?!

На Винченцо Монтела му се ближи крајот во Милан. Пред неколку дена имаше кредит од четири …