Дома Останати Кошарка Видео: Вестбрук броеше до 49, но не беше доволно!

Видео: Вестбрук броеше до 49, но не беше доволно!

0 секунди
0
557

Хјустон славеше над Оклахома 118:116, во дуел во кој еден против друг се најдоа кандидатите за освојување на МВП наградата, Харден и Вестбрук.

Оклахома започна добро, ја доби првата четвртина со 38:33, но Хјустон направи пресврт, во еден момент имаше предност и од цели 18 поени разлика. Оклахома се врати во финишот, но не успеа да избегне пораз.

Одлична партија имаше Расел Вестбрук кој постигна 49 поени, имаше осум скока и пет асистенции. Харден реализираше 26 поени, имаше и 12 асистенции и осум скока.

Резултати:
Индијана – Бруклин 121:109
Детроит – Шарлот 115:114
Торонто – Јута 101:93
Хјустон – Оклахома 118:116
Њу Орлеанс – Атланта 94:99
Далас – Феникс 95:102
Денвер – Сан Антонио 99:127
Портланд – ЛА Лејкерс 118:109

Прочитајте поврзани статии
Повеќе P. K.
Load More In Кошарка

Проверете

Преку пресврт Македонија славеше над Холандија на „Трофеј Македонија“

Македонската репрезентација вечерва славеше над Холандија со 78:72 во рамки на турнирот „Т…