Дома Фудбал Останато Видео: Бразил со „петарда“, само реми за Аргентина!

Видео: Бразил со „петарда“, само реми за Аргентина!

1 секунди
0
204

Синоќа во Јужна Америка се одиграа пет натпревари во рамките на квалификацискиот циклус за пласман на Светското првенство во Русија.

Аргентина два пати водеше во Перу, но на крајот освои само еден бод. Фунес Мори и Игуаин погодија за „гаучосите“, а Перуанците два пати израмнуваа преку Гереро и Куева од пенал на шест минути до крајот на натпреварот.

Уругвај до лидерската позиција стигна по победата над Венецуела од 3-0. Луис Суарез не постигна гол но запиша две асистенции. Лодеиро го постигна првиот, а наредните два гола беа дело на Кавани.

Бразил ја запиша најубедливата победа откако славеше против Боливија со 5-0. Петмина играчи ги постигнаа головите за Бразил, серијата ја отвори Нејмар, а потоа голманот на Боливија го совладаа Фелипе Луис, Габриел Жесус и Фирмино.

На половина од јужноамериканските квалификации лидер на табелата е Уругвај пред Бразил, додека Чиле освојувачот на последните две изданија на Копа Америка е на скромното седмо место.

Прочитајте поврзани статии
Повеќе P. K.
Load More In Останато

Проверете

Баерн не личи на себе: Баварците прокоцкаа два гола предност!

Баерн Минхен рпкоцна два гола предност против Волфсбург на „Алијанц Арена“ и одигра 2:2. И…