Дома Топ вести Верати станува најплатениот Италијанец – Интер, Јуве или…

Верати станува најплатениот Италијанец – Интер, Јуве или…

0 секунди
0
3,268

Марко Верати никогаш не заигра во Серија А, но се чини дека следното лето ќе се врати во Италија и тоа за вртоглава сума на пари.

Верати во 2012 година од Пескара се пресели во ПСЖ и таму се етаблираше во еден од најдобрите играчи за врска во Европа. Од тогаш до денес четири пати го продолжуваше договорот со „светците“ и стана најплатен Италијанец со 7,5 милиони евра по сезона.

Италијанските медиуми пренесуваат дека следното лето плејмејкерот би можел да го напушти Париз бидејќи не се сложува со тренерот Унаи Емери, но и сака промена на средината.

„Република“ тври дека голема битка за неговиот потпис ќе водат италијанските гиганти Интер и Јувентус, кои се спремни да платат огромна сума за да го вратат Верати во Италија.

Имено, новите сопственици на Интер се спремни да платат 80 милиони евра за неговиот потпис и ми нудат плата од 8 милиони евра по сезона, со што ќе биде најплатен фудбалер во Серија А.

Сепак, Јувентус не се откажува од намерата да го донесе и е спремен да плати исто толку пари, па овие два клуба сигурно следното лето ќе играат „дерби Италија“ за потписот на Верати.

Меѓутоа, Интер и Јуве не се единствените клубови кои го сакаат Италијанецот, за неговиот потпис се заинтересирани уште Баерн Минхен, Реал Мадрид, Челзи и Манчестер Сити.

Прочитајте поврзани статии
Повеќе P. K.
Load More In Топ вести

Проверете

ФОТО – Застрашувачки: Погледнете како би изгледал Палермо да НЕ би ги продавал своите играчи

Палермо е екипа која создава големи играчи, ова ќе го потврди овој застрашувачки состав на…