Дома Фудбал Англија Венгер: И да си заминам Арсенал нема да победува!

Венгер: И да си заминам Арсенал нема да победува!

0 секунди
0
2,694

Англиските медиуми пренесуваат дека Арсен Венгер донел конечна одлука за својата иднина и истата ќе ја соопшти на крајот на март или почетокот на април.

Венгер на маса има понуда од „топџиите“ за продолжување на договорот, но Французинот донел конечна одлука и ќе го напушти клубот по завршување на сезоната.

Искусниот тренер ги сврте поголемиот дел од фановите против себе, па повеќето од нив сакаат да му го видат грбот. Многумина сметаат дека тој едноставно ја нарушил својата репутација во изминатите години, особено последната деценија во која освои само две титули во купот.

„Приказните за моето заминување не се ништо ново, веќе сум навикнал на такви работи. Тоа се пишува веќе 20 години. Не би сакал да разговарам на таа тема. Одлуката ќе ја донесам во март или најдоцна во април. Без оглед на тоа што ќе се случи јас ќе ја продолжам својата кариера. Чувствувам голем одговорност кон клубот. Важно е клубот да ја донесе вистинската одлука. Ова го работам веќе 20 години, имав многу можности да заминам, но секогаш останував. Мразам кога губам, но и доколку заминам, Арсенал нема да победува на секој натпревар“, изјави Венгер.

Прочитајте поврзани статии
Повеќе P. K.
Load More In Англија

Проверете

Роналдо бесен: Јас постигнав гол, ти што направи?

Реал Мадрид беше поразен синоќа на „Местаља“ со 2:1, а медиумите тврдат дека Роналдо бил и…